„Скопје сака птици“ - по повод Светскиот ден на птиците преселници

„Скопје сака птици“ е мотото на прославата што ќе се одржи денеска напладне во Градскиот парк, по повод Светскиот ден на птиците преселници.
Прославата ја организира Македонското еколошко друштво кое преку квизови, игри, креативни задачи и набљудување птици, сака да потсети дека и тие се жители на градот.
- Сакаме заедно со скопјани да ги прославиме пристигнатите птици преселници и да им посакаме успешно гнездење. Потребно е одржливо управување со природните ресурси, со секое дрво и секоја водена површина, потребна е природа во Скопје, велат организаторите.
Годинашна тема на Светскиот ден на птиците преселници е „Нивната иднина е и наша иднина - Здрава планета за преселни птици и луѓе“.
- Птиците преселници и луѓето ја делат истата Планета, а со тоа и истите ограничени ресурси. Птиците преселници се показатели за здрава Планета и функционални еко-системи бидејќи нивната миграција ги поврзува континентите, нагласуваат од Македонското еколошко друштво.
Птиците преселници поминуваат и до 14.000 километри низ светот за да гнездат. Исчезнувањето на местата каде што одмораат е една од главните причини за нагло намалување на нивната популација, во одредени случаи дури и до 80 отсто од 2000 година наваму. Се смета дека пресушувањето на водните површини, деградирањето на хабитатите и неодржливиот лов се најголемите закани за птиците.
Светскиот ден е кампања што ги слави птиците преселници и повикува на нивна подобра заштита. Македонското еколошко друштво секоја година организира настани за да потсети кои се заканите со кои се соочуваат птиците преселници и која е нашата улога.
Ново на Сител
-

Трамп во говорот на 250-годишнината од независноста на САД: Оваа земја е дом на слободата
-

Објавена нова листа на најмоќни пасоши во светот: Македонија на 78-место
-

Пожар во трговски центар за овошје, зеленчук и цвеќе во германскиот град Штутгарт
-

Муцунски во официјална посета на Катар
-

СП 2026: Мароко прв четвртфиналист
-

Сончево со мала до умерена локална облачност
-

ЦУК: Регистрирани 11 пожари на отворен простор, активен е пожарот кај Белица во Македонски Брод
-

Мицкоски: Можеме да прифатиме и гласање преку пошта, наша цел е да обезбедиме побројно гласање на дијаспората
