Скопје и Гевгелија од денеска домаќини на ЕП за кошаркари до 16 години

Македонската кошаркарска федерација (КФСМ) од денеска до 15 август ќе биде организатор на кадетското Европско првенство од Б дивизијата.
Во изминатите години КФСМ беше домаќин на повеќе младински европски првенства, а со организацијата на претстојниот У16 Евробаскет, како што е соопштено, уште еднаш ја потврдува својата позиција на сигурен и доверлив партнер на европската кошаркарска федерација.
Домаќини на шампионатот ќе бидат Скопје и Гевгелија.
Натпреварите во Скопје ќе се играат во „Т Арена“, а во Гевгелија во спортските сали спортските сали „НБ Ноел“ и „26 Април“.
„Со организацијата на ова Европско првенство, Кошаркарската федерација на Македонија продолжува да ја реализира својата стратешка определба преку успешно домаќинство на големи меѓународни натпреварувања да придонесува кон развојот и афирмацијата на македонската кошарка, но и кон промоцијата на државата како препознатлива спортска дестинација во Европа“, соопшти КФСМ.
МИА
Ново на Сител
-

Ќе продолжи ли повластеното ДДВ кај дизелот од понеделник?
-

Еврокодови за посигурни градби: Ќе поскапи ли квадратот?
-

Седум дена нема хоспитализиран пациент со западно-нилска треска
-

Конференција „Безбедност 2030: Ера на паметни технологии, отпорни општества, ризици и предизвици“
-

Тема на денот со Зоран Јолевски, поранешен амбасадор во САД
-

Заседава раководството на СДСМ
-

Царина разоткри шверц на 70 милиони парчиња цигари, оштетен државниот буџет за над шест милиони евра
-

Пецов - Ѓаволот призна вина, доби две години условнa
