Скопје го доби светскиот хотелиерски бренд „Ибис“
Европскиот лидер во хотелиерството - Брендот Ибис отсега во центарот на Скопје. Со неговиот влез Македонија се впишува во светската мапа на туризмот. Инвестицијата е вредна 6 милиони евра, а оваа стратешка инвестиција треба да ги охрабри и останатите инвеститори да го следат примерот.
Ибис е бренд на Акор, водечки хотелски опеарор. Неодамна во Полска групацијата Орбис ги презема операциите Акор за Југоисточна Европа и стана единствен лиценцер на сите брендови на АКОР во регионот, вклучивајчќи ја и Македонија
Хотелскиот синџир Акор е присутен во 92 земји во светот, брои над 3,700 хотели и 480 илјади хотелски соби. Присуството на брендот кај нас ја смесува Македонија на мапите на светските туристички центри, шти директно ќе придонесе за афирмација на туризмот во земјата.
-

Наташа Мерсовска
Сите содржини од овој новинар
