Скопје домаќин на состанокот на партнерите во ЕУ проектот за паметни градови „MAtchUP“
Скопје денеска и утре е домаќин на петтиот состанок на партнерите во европскиот проект „Мечап“ (MAtchUP), на кој се дискутира на тема „Максимизирање на потенцијалот за подобрување на квалитетот (UpScaling) и репликација на високо степените стратегии за урбана трансформација“.
„MAtchUP“ е проект за паметни градови финансиран од Европската Унија од програмата Хоризонт2020, кој има за цел да креира и да преземе решенија кои можат да ги претворат урбаните проблеми во паметни можности што ќе го подобрат квалитетот на животот на граѓаните и ќе ги поттикнат локалните економии.
Заменик-градоначалникот на Скопје, Енвер Малиќи истакна дека проектот „MAtchUP“ предвидува посветена акција за употреба на обновливи извори на енергија, зголемување на одржливата мобилност и инвестирање во технологијата.
– Целта е градовите да се стекнат со квалитетни решенија на располагање на нивните паметни заедници кои ќе ги подобрат локалните економии и квалитетот на живот и ќе бидат модел за репликација во други градови и ќе доведат до урбана трансформација со активно учество на граѓани и други заинтересирани страни, рече Малиќи.
Тој се осврна и на активностите на Град Скопје за реализација на проектот „Паметен град“.
Проектниот конзорциум го сочинуваат 28 партнери од осум различни земји, три градови лидери Валенсија, Дрезден и Анталија и четири градови-следбеници Остенд, Герција, Скопје и Керава, поддржани од истражувачки институции, МСП, индустрија и непрофитни организации. „MAtchUP“ градовите ги здружија силите за да ги преструктурираат своите социјални, економски и еколошки модели и да промовираат социјална инклузија, подобри услови за живеење и просперитет за своите граѓани.
„MAtchUP“ своите активности ги реализира во четири сектори, и тоа: енергетика; мобилност; ИКТ и граѓани.
Крајната цел на проектот „MAtchUP“ е да креира просперитетна и динамична урбана средина преку преземање на мерки со цел подобрување на енергетската ефикасност, зголемена одржлива мобилност и инвестиции во технологија коишто ќе служат како модел за урбана трансформација за другите градови во Европа и пошироко.
Ново на Сител
-
ДИК ги објави првичните официјални резултати од Претседателските и Парламентарните избори
-
Зеленски го потпиша законот за продолжување на вонредната состојба и општа мобилизација
-
Онлајн работа за младите со европски плати | Јанг стори со Мими | Sitel Podcast 034
-
Бангладеш: Во удари од гром загинаа 74 луѓе за 38 дена
-
Рама в недела ќе одржи собир во Атина
-
Протести во Малме против учеството на израелскиот претставник на Евровизија
-
Турција ја одложи забраната за трговија со Израел
-
Гостиварчанец измамен за 1.500 евра - сторителот е приведен