-->
-->
Скопје домаќин на меѓународен младински турнир
-->

Во главниот град на Македонија од утре до 11 август ќе се одржи вториот Меѓународен младински фудбалски турнир „Скопје Куп“.
Организаторот на турнирот Град Скопје во соработка со Фудбалската федерација на Македонија обезбедија сместување, превоз до терените и исхрана за повеќе од 700 учесници на годинашното издание на „Скопје Куп“.
- Ова е проект кој започна минатата година и расте со темпото кое го замисливме. Целта ни беше да го промовираме градот Скопје преку турнирот кој почна со 24 екипи, годинава се 32, а за до година планираме меѓу 48 и 60 екипи, изјави Влатко Неделковски, претседател на „Скопје Куп“.
На турнирот учество ќе земат 32 екипи од Македонија, Србија, Хрватска, Албанија и Бугарија, поделени во две категории: со фудбалери родени 99 година и помлади и со играчи родени 2001 година и помлади.
Учесници на „СКОПЈЕ КУП 2015“:
Од Македонија: Вардар - Скопје, Пелистер - Битола, Академија Пандев - Струмица, ГФК Неготино - Неготино, Шкендија - Тетово, Металург - Скопје и Еуромилк - Скопје.
Од Бугарија: Дит Софија и Славија - Софија.
Од Хрватска: НК Осијек - Осијек, Сесвете - Загреб, Крпан Бабиќ - Осијек, Буба Мара - Загреб и Куштерија – Загреб .
Од Србија: Војводина – Нови Сад, Партизан – Белград и Реал – Ниш (Србија).
Од Албанија: Елбасан и Скендербег (Албанија).
Свеченото отворање на „Скопје Куп 2015“ е утревечер во 20 часот на плоштадот „Филип Втори“.
-->
-->
-->
Ново на Сител
-

Тема на денот со Петар Арсовски, политички аналитичар
-

Мицкоски оптимист по средбите со Мерц и Макрон
-

Филипче: Самитот во Тиват испрати јасен сигнал дека западниот Балкан припаѓа во ЕУ
-

Почна полагањето на државната матура - над 14.500 ученици седнаа на жешките столчиња
-

Се крои новата цена на парното, старите цевки летово ќе поминат „стрес-тест“
-

ИЈЗ го отвори првото државно психолошко советувалиште за деца и младинци
-

Струмичката болница доби кабинет за менаџирање на дебелината
-

Ургентен центар за два региони во КБ - Штип
