Скопје Дизајн Вик викендов резервиран за детски работилници

Работилници посветени на децата ќе се одржат викендов на Скопје Дизајн Вик.
Првата работилница „Што е хеуро лингвистичко програмирање за деца“ ќе им овозможи на најмладите да видат и почуствувват вежби кои ќе ги поттикнат да се запознаат подобро со сопствените сетила и моменталниот простор. Активностите ќе траат два часа, а се поделени на неколку дела: визуелна, аутидивна, тактилна и просторна вежба, вежба за вкус и мирис. Ментор е Марија Милошеска.
„Фотографија за 2 часа!“ е насловот на втората работилница наменета за деца од 10 до 16 години. Ќе се одржува денеска и утре, а ментори се фотографите Сашо Алушевски и Татјана Ранташа. Целта е за кусо време, на единствен начин, значајно да се унапреди фотографската вештина независно дали притоа се користи фотоапарат или мобилен телефон.
Едукативно-креативната работилница со Бреинобреин е закажана за утре и на неа, во повеќе помали групи, ќе се одвиваат паралелно активности во времетраење од 120 минути. Децата и родителите може да циркулираат и да се задржат онаму каде што имаат најмногу интерес: Абакус, Мозочни вежби (Brain Gym), Тест на Брзина (Speed test) Креативни активности: Изработка на Оригами, Анализа на личност: Изработка на колаж за Мајка Тереза.
На работилницата „Домашен декор“ денеска и утре децата од 6-15 годишна возраст може да се се забавуваат во двочасовна креативна работа која ќе ги научи да ги реализираат своите идеи од хартија на текстил, ќе ги научи да мешаат разни бои, да ја контролираат водената површина, да ги користат разните нијанси и тонови. Ментор е Оливија Георгиевска.
Скопје Дизајн Вик викендов предвидува и повеќе презентации.
Ново на Сител
-

„Безбеден град“ - системот чита регистарски таблички и при брзини од над 200 километри на час во услови на дожд и магла
-

Трета европска титула за Данска за славје во Хернинг
-

Ѓоковиќ: Карлос млад си има уште време пред тебе
-

Алкараз е новиот шампион на Австралија опен
-

Хрватска го освои бронзениот медал
-

Најмалку 16 лица загинаа во две одвоени сообраќајни несреќи во Турција
-

Сообраќајот во зимски услови по влажни коловози, останува забраната за камиони и автобуси на патот Шипковица-Попова Шапка
-

Мицкоски: Понудата до синдикатот е на маса една година, но мора да се преговара делот за плати во ОКД
