Скопје 18-ти ден се тресеше од протести: Граѓаните сè поодлучни и сè побројни!
Во Скопје вечерва продолжи протестот на граѓанската иницијатива „За заедничка Македонија“ со кој граѓаните изразија незадоволство за тиранската платформа и дадоа поддршка за унитарноста на државата.
– И вечерва повеќе од 150.000 граѓани на Македонија, во 31 град излегуваат да кажат дека се против тиранската платформа, против двојазична држава, против федерализација на Македонија и дека ова се нашите ултимативни барања. Од нив нема отстапка, рече Богдан Илиевски од иницијативата „За заедничка Македонија“.
– Тој кажал дека оваа држава е Македонија, дека овде живее македонски народ и се зборува македонски јазик. Се надевам дека неговата борба не беше бесполезна. Загина заради оваа Македонија. Има многу луѓе кои него можат да го разберат, кои него можат да го почитуваат и кои можат да ја завршат работата која тој ја започнал уште пред 120 години. Верувам дека тој е многу жалосен што после 120 години, неговите мисли, неговите идеи не се исполнети. Се надевам дека неговото дело ќе биде на виделина и оти тој мирно и спокојно ќе спие, рече Мисиркова.
Поддршка на иницијативата „За заедничка Македонија“ денеска дадоа и ловџиите кои порачаа дека нема да прифатат туѓи платформи и повикаа на трпеливост во клучните моменти за државата.
Тие ги повикаа сите ловци без разлика на нивната етничка, верска, политичка определба да застанаат заедно во одбрана на државата, а побараа истото да го сторат и сите политички партии.
Ново на Сител
-
Скопјанка прскала со вода по луѓе кои правеле врева - ја нападнале со лименки
-
СЗО: Преминот Рафа блокиран, нема гориво и медицински материјали
-
Аглер со честитка до Силјановска Давкова: Историски избор на прва жена претседател на Северна Македонија
-
И најмладиот син на Трамп влегува во политика
-
Загина 62-годишен маж од Неготино откако се преврте со трактор
-
Обид за убиство во гостиварско
-
Скопје: Жена нападната од нејзиниот сопруг
-
Кривична за директорка на средно училиште во Делчево