Скопјани само два часа дишеле чист воздух, најзагдено Лисиче
Скопјани и во изминатото деноноќие дишеа загаден воздух, а таква е ситуацијата и утринава. Неколкупати повисоки концентрации на ПМ10 честичките се регистрирани на сите мерни станици, а максималната од 533 микрограми е измерена во Лисиче.
Во Лисиче измерените концентрации од 17 часот вчера се движат од 140, 327, 496, достигнувајќи го максимумот од 533 на полноќ, по што почнуваат да се намалуваат, но остануваат неколку пати над дозволеното. На последното мерење во осум часот изнесуваат 221 микрограм на метар кубен.
Во Карпош највисоките концентрации се измерени меѓу 18 и 23 часот. Се движеле, според мерењата, од 161, 204, 248 до 335 во 23 часот. Потоа се забележува намалување и утрово се измерени 172 микгрограми на метар кубен.
Во Гази Баба највисоките концентрации се регистрирани од 17 часот кога се измерени 131, а максималната е измерена во 23 часот од 273 микрограми. Утрово во Гази Баба се измерени 162 микгрограми.
Центар според мерењата највисоките концентрации ги има утрово од 231 микгрограм. Од вчера во 18 часот се забележуваат концентрации од 118 до 209 микрограми.
Кај Ректорат високите концентрации се регистрирани од 18 часот со 124, па во 18 часот 395, до 360 микрограми во 04 часот. Во периодот измеѓу концентрациите се над 200 микрограми.
Во текот на вчерашниот ден мал период од два часа концентрациите биле во рамки на дозволеното или близу дозволените 50 микрограми. Тоа било на пладне меѓу 13 и 14 часот. Кај Ректорат загадено било во целиот период.
Ново на Сител
-
Голем пожар во Крива Паланка, пронајдено починато лице
-
Голем пожар во Крива Паланка, пронајдено починато лице
-
Сиљановска-Давкова донесе одлука за ангажирање на армијата во справувањето со пожарите
-
Пожарот кај Николиќ трет ден е активен, огнот се шири со помош на силниот ветер
-
Црниот густ чад од Визбегово опасност по здравјето
-
Тема на денот со Димитар Николовски - Евротинк
-
На Прилеп му се потребни 260 литри вода во секунда, а се троши 420, потребно е штедење
-
Преглед на вестите од светот