Македонија
19. јуни 2018 - 13:26

Скопјанец во шок - бомба му експлодираше на тераса

Во 02.45 часот на балкон на првиот кат од куќата на 25-годишниот Ј.Ч. на улицата „Коле Канински“ непознато лице фрлило непозната експлозивна направа која експлодирала.

Од експлозијата била оштетена балконската врата, а повредени лица нема.

Се преземаат мерки за целосно расчистување на случајот.