Скопјанец се обидел да ограби аптека, вработена го удрила со стол

Основното јавно обвинителство Скопје нареди да се спроведе истражна постапка против 31-годишен скопјанец осомничен за кривично дело разбојништво.
Како што соопшти државното јавно обвинителство, осомничениот завчера, 22 февруари, на улицата „Борис Трајковски“ во Скопје влегол во аптека и од вработената побарал да му ги даде парите.
-Таа му кажала дека нема пари и му рекла да ја напушти аптеката. Во тој момент, осомничениот и се доближил и започнал да ја турка со намера да дојде до касата. Вработената зела пластичен стол и почнала да го оттурнува, па повикала помош. Бидејќи не можел да стигне до касата, осомничениот ја напуштил аптеката, но на излезот го пресретнале припадници на агенција за обезбедување и го лишиле од слобода, соопшти ЈОРСМ.
Надлежниот јавен обвинител до судијата на претходна постапка достави Предлог за определување мерка притвор за осомничениот, бидејќи постои опасност тој да избега или да го повтори делото.
Ново на Сител
-

Сиљановска: Не очекувам да се нарушат односите со Бугарија
-

Јотова загрижена за бугарскиот амандман за извештајот за Македонија - почна дебатата во ЕП
-

Тема на денот со Стојанче Ангелов, директор на ДЗС
-

Приведен 44 годишeн скопјанец за палењето на возилата на бугарската амбасада
-

Нова инвестиција во ТИРЗ Тетово вредна 21 милион евра ќе отвори речиси 500 работни места
-

Од денеска нема мерки за горивата, Пазарната инспекција подготвува нов извештај за цените во маркетите
-

Се затега монетарната политика, ќе поскапат кредитите
-

Се удави 20 годишно момче во Охридското езеро
