Македонија
2. July 2021 - 17:51

Скопјанец пријавил дека негов роднина од автомобил му пукал кон куќата

Вчера во 20.32 часот А.В.(28) од с.Грчец, скопско, пријавил дека во с.Грчец во близина на неговиот дом, неговиот роднина Е.В., со кого не биле во добри односи, кој се движел со патничко возило „опел астра“, од огнено оружје испукал во воздух неколку куршуми, соопштија од МВР.

Во 22.20 часот А.В. повторно пријавил дека членови од семејството на пријавениот телефонски му се заканувале.

Се преземаат мерки за расчистување на настанот.