Живот
19. May 2016 - 14:10

Скофилд e жив и заклучен: Пристигна трејлерот за петтата сезона на „Prison Break“

Серијата „Prison Break“ се враќа на малите екрани, а страстните фанови на серијата сега имаат можност да го видат трејлерот на петтата сезона за која режисери и сценаристи велат дека ќе биде дури и подобар од претходните четири.
 
Актерите Доминик Пурселн и Сара Вејн Кејлис ги глумат нивните улоги и во оваа сезона, а за изненадување е ликот на Вентворт Милер, со оглед дека тој почина во четвртата сезона.