Скапароти: САД немаат стратегија за борба против руските кибер напади
САД немаат ефикасна координирана стратегија за справување со руските кибер напади, оцени командантот на Здружените сили на Алијансата во Европа, генерал Кертис Скапароти на сослушувањето пред Комисијата за вооружените сили на американскиот Сенат.
- Не сметам дека имаме ефикасна координација на меѓусекторско ниво. Недостигаат енергија и посветеност, кои треба да ги постигнеме, изјави Сакапроти.
Според него, САД немаат доволно информации за руската кибер инфрастуктура.
- Добивме појасна претстава за неа, но не би можел да кажам дека во оваа фаза имаме јасна слика, додаде американскиот генерал.
Запрашан од сенаторите дали Русија директно извршува кибер напади врз САД и води информативна војна со земјата, Скапароти изјави дека има сознанија за руски активности против инфрастуктура на американска територијата, но не изнесе детали за ова свое тврдење.
Американски официјални претставници досега во повеќе наврати предупредуваа дека Русија се обидва да се меша во конгресните избори во САД превиднени за ноември годинава, преку хакерски напади и со користење на социјалните мержи за ширење пропаганда и лажни вести, слично како и на претседателските избори во 2016 година.
Ново на Сител
-
Русија распиша потерница и за командантот на копнените сили на Украина, Пављук
-
Шолц го осуди нападот врз европратеник од германската Социјалдемократска партија
-
Состојба на патиштата
-
Претежно сончево и потопло
-
Се запали казино во Охрид | ВИДЕО
-
Мицкоски: Скандалозно е вицепремиер да бара од компании да гласаат за СДСМ бидејќи добиле државна помош
-
Кошаркарот од Ѓорче кој ветува промени | Владо Мисајловски | Неформално | Sitel Podcast 033
-
Се дистрибуира доверливиот избирачки материјал од битолската печатница до општинските изборни комисии