Скандинавските земји не очекуваат промена во односите со САД по изборот на Трамп
Финска, Шведска, Данска и Норвешка не очекуваат изборната победа на Доналд Трамп да има особено влијание врз нивните односи со САД.
Финскиот премиер Јуха Сипилe изјави дека бил изненаден од резултатот на претседателските избори во САД и нагласи дека анкетите се покажале исто толку неточни, како и за Брегзит.
Според него, односите со САД се од примарно значење за Финска, која има 1.300 километарска заедничка граница со Русија.
Тој смета дека победата на Трамп нема да доведе до промена во одбранбената политика на Финска, нејзините блиски врски со НАТО или нејзините односи со Русија.
Шведскиот премиер Стефан Лофвен изјави дека многу луѓе се загрижиле поради резултатите од изборите во САД, но нагласи дека неговата земја била подготвена за тоа.
Тој рече дека Шведска има долга традиција на соработка со американските влади независно од партиската и политичката припадност.
Норвешкиот премиер Ерна Сулберг го поздрави Трамп и изјави дека САД се најблискиот сојузник на Норвешка.
Според неа од суштинско значење е да продолжи сораборката меѓу двете земји.
Данскиот премиер Ларс Локе Расмусен повика да не се зазема негативен однос кон Трамп пред да се видат неговите постапки.
Ново на Сител
-
Нова авиолинија Скопје-Рига-Скопје
-
Кривична пријава против две лица, расчистени 4 кривични дела, одреден притвор
-
За изборите на 8 мај акредитирани 1078 домашни и 770 странски набљудувачи
-
Киднапиран, избоден и претепан скопјанец – Еден од напаѓачите негов колега
-
ЦУК: Пронајден е изгубен планинар на Плачковица
-
Земјотрес регистиран во Скопје
-
Велика Сабота - денот меѓу смртта и воскресението
-
Одбележување 121 година од смртта на Гоце Делчев