Фудбал
2. February 2024 - 10:57

Скандал во Ла Лига, Белингем го нарече Гринвуд „силувач“ | ВИДЕО

Убедливиот триумф на Реал Мадрид врз Гетафе не беше во центарот на вниманието.

На шпанските и англиските медиуми и социјалните мрежи се најде вербалната пресметка меѓу младите англиски ѕвезди на шпанските клубови на натпреварот Гетафе – Реал. Џуд Белингем (20), најдобриот играч и стрелец на Реал, по дуелот со Мејсон Гринвуд (22) му дофрли „силувач“.

Камерата го фати Белингем во тој момент и не треба да сте овластен читач на усни за да го видите очигледното, а тоа е дека играчот на Реал го фрли споменатиот збор кон противникот.

Гетафе побара од официјалните лица на натпреварот да го вклучат видеото да влезе во извештајот од Ла Лига за да може да се преземе акција против него.