Скандал во болница: Хирург танцувал за време на операција

Колумбискиот естетски хирург Давид Махана го навлече гневот на јавноста во неговата земја, откако на социјалните мрежи се појави видео на кое тој танцува за време на операција, при тоа држајќи во раката ткиво на пациентот.
Многумина го обвинија лекарот за непочитување на пацинетот и професијата, но тој тврди дека без потреба се кренала толкава врева и уште се обиде да се прикаже како жртва.
Тој имено тврди дека снимката е направена додека ја оперирал неговата тетка на која и ја затегнувал кожата на стомакот и дека всушност таа барала да се направи тој видео запис „за да има спомен од операцијата“.
- Во ниту еден момент не го загрозив нејзиниот живот... Ова видео кружеше само меѓу членовите на моето семејство, но некој очигледно сака да му наштети на мојот углед и на мојата кариера, изјави Махана, додавајќи дека се сомнева во неговата поранешна девојка со која се разделиле пред неколку месеци.
Ново на Сител
-

Нема да ја екстрадираме Ива Михаилова, вели бугарскиот министер за внатрешни работи
-

Претреси на 40 локации низ државата, пронајдени дрога, оружје, пари и мачети
-

Брвеница утре избира градоначалник, денеска гласаат болни, изнемоштени и затвореници
-

Специјална Олимпијада: Историски успех на нашите атлети во Малта
-

Светски рекорд на Матка: Врело е најдлабоко истражената подводна пештера со 338 метри
-

Јабланица чека да биде прогласена за национален парк
-

Стресот и анксиозноста сѐ поприсутни кај младите, стереотипите ги кочат да побараат помош
-

Преглед на вестите од светот
