Живот
5. November 2015 - 12:54

Скандал: Целото училиште на нозе заради голите фотографии на професорката Елена

Елена Корнишонков (40) е професорка по музичко во едно училиште во Русија, а неодамна ги шокираше своите колеги и студенти, но не со музиката, туку со голотија!
 
На една друштвена мрежа, професорката објавила своја топлес фотографија, која ја виделе нејзините колеги и ученици.
 
Сликата била наменета за блиски пријатели и требало да ја видат само корисниците на ВКонтакт, страна која може да се каже дека е руска верзија на Фејсбук.
 
Меѓутоа голата фотографија ја виделе и оние кои не требало, па затоа и добила отказ од училиштето.