-->
-->
СК Слалом: Кристоферсен најбрз во Аделбоден
-->

Норвежанецот Хенрик Кристоферсен е победник на слаломот во швајцарски Аделбоден, 16-та трка од Светскиот куп за скијачи.
Ова е седма победа во кариерата за Кристоферсен, од што е трета оваа сезона на четирите одржани слаломи, откако претходно славеше во Вал д’Изер и во Мадона ди Кампиљо.
Норвежанецот по првото возење беше трет, но со одлучниот втор настап се проби на врвот. Втор беше Австриецот Марсел Хиршер со заостанување од шест стотинки од секундата, додека водечкиот по првата трка Русот Алесандар Хорошилов заврши како трет.
Во вкупниот пласман за Светскиот куп води Хиршер со 801 бод, втор е Норвежанецот Аксел Лунд Свиндал со 636 бодови, а трет е Хенрик Кристоферсен со 571 бод.
Во пласманот за слалом Кристоферсен води со 38- бодови, Хиршер е втор со 40 бодови помалку, а трет е Хорошилов со 174 бодови.
Следната трки ќе се одржат од 15-ти до 17-ти во швајцарски Венген, и тоа според распоредот комбинација, спуст и слалом.
-->
-->
-->
Ново на Сител
-

Трамп: Ормуската Теснина е исчистена од мини, секој што ќе постави нови ќе биде уништен
-

Почина Доли Партон
-

Канада воведува нови царини за американските производи, трговската војна се заканува да ги погоди и Американците
-

Акција за отстранување хаварисани возила во општина Карпош
-

Лавров: Москва и Ватикан го зачуваа дијалогот заснован на заемна почит и доверба
-

ЦУК: Осум активни пожари, еден под контрола, а 14 се изгаснати
-

Федерер не планира враќање на тенисот
-

„ОпенАИ“ откри разгранета мрежа за влијание што ги прикривала руските траги
