Македонија
20. August 2016 - 17:14

СЈО не одговара- Како дел од медиумите доаѓаат до информации кои согласно законот се тајна?

Се остварија најавите на специјалната јавна обвинителка Катица Јанева за “засилена фреквенција на лица”.

Кој и кога треба да се појави на распит во предистражна постапка-  иако согласно законот овие  податоци се тајни, правилата не важат за Специјалното Јавно обвинителство и медиумите блиски до СДСМ.

СЈО не одговара на прашањата упатени до нив како дел од новинарите дошле до сознанија кои според законот за кривична постапка не смеат да ги имаат.Еден од дневните весници пред два дена излезе со конкретна листа на лица кој Јанева ќе ги повикува или веќе ги повикала во своите простории.

-Неделава по вторпат за два различни предмети (Скопје 2014 и демолирањето на Оштина Центар) дојде градоначалникот на Центар, Андреј Жерновски. Во придружба на адвокатот Никола Додевски, пред два дена се појави ексминистерката Гордана Јанкуловска, а пред неа, и шефот на кабинет на поранешниот прв човек на УБК, Тони Јакимовски. Вчера требаше да се појават ексминистерот за транспорт и врски, Миле Јанакиески, генералниот секретар на Владата, Кирил Божиновски, поранешната градоначалничка на Центар,Виолета Аларова. Во почетокот на наредната недела, како што дознаваме, се очекува да се одзват на поканите и поранешната пратеничка и актуелен член на ДИК, Силвана Бонева, пратеникот од ПЦЕР, Самка Ибраимовски, лидерот на ДПА, Мендух Тачи, објави весникот.

Овој текст беше објавен непосредно по соопштението испратено од Специјалното обвинителство во кое беше најавено дека во периодот што следи ќе има зголемена фрекфенција на лица кои ќе бидат повикуивани заради расветлување на нивните случаи. Дел од интерент порталите коментираат дека ваквиот ПР има единствена цел политички да се линчуваат лицата кои се предмет на интерес на СЈО.

Сител контактираше со дел од лицата кои биле повикани во Специјалното јавно обвинителство. Тие велат дека ниту испраќале покани до медиумите ниту пак информирале новинари за текот на предистражната постапка.

Додека за едни медиуми СЈО го крши и законот откривајќи податоци кои се тајна, за други остануваат целосно затворени не одговарајќи со конкретни податоци дури ни на барањата испратени согласно Законот за слободен пристап до информации од јавен карактер.