-->
-->
СЈО денеска доживеа дебакл
-->
Класичен дебакл доживеаја Специјалното јавно обвинителство (СЈО) и Фатиме Фетаи денеска во скопскиот Основен суд, откако предложените докази на Фетаи од Судот беа одбиени како неосновани.

Како вистински почетник, Фетаи покажа елементарно непознавање на процедурите и правилата. Таа рече дека доказите, за кои сама тврди дека ги прибавила, не знае дали се тие кои ги поседува Судот, бидејќи не можела да ги спореди од причина што заборавила да ги понесе со себе.
Од друга страна, најмалку 3 пати беше опоменувана од судиката за нарушување на јавниот ред и искажување на политички квалификации наместо правно издржан речник. Фетаи покажа дека е целосно неподготвена за расправата и покажа класично непознавање на процедурите.
На прашање на судијката, Фетаи не знаeше колкав број на предмети добила од обвинителството во рацете на СЈО. Судијката Татјана Михајлова три пати ја опомена Фетаи и ја предупреди дека ќе ја казни и отстрани од судницата.
Поради типични излетувања во нејзините искази, специјалната обвинителка стана цел на потсмев во судницата, на што се пожали дека не било коректно што дел од присутната јавност се смешкала кога таа говорела.
Фетаи денеска во судницата покажа еклатантно непознавање на процедурите и законските правила, таа не знаеше дали се работи за подготвителна расправа или за главен претрес.
Судење е закажано за 22-ри февруари.
-->
-->
-->
Ново на Сител
-

Денеска се избира наследникот на Ислам Абази
-

Почнува амандманската распава за ребалансот на Буџетот – поднесени над 120 амандмани
-

Студентите денеска на средба со премиерот и министерката за образование
-

Податоците за загадувањето и дивите депонии ќе се дигитализираат и ќе бидат отворени за граѓаните
-

Најмладиот пациент со мозочен удар на 26 годишна возраст
-

Климатските промени го загрозуваат пчеларството
-

Светски форум за ориентален тутун во Прилеп - како да се зачува тутунопроизводството наспроти строгите правила на СЈО
-

Преглед на вестите од светот
