-->
-->
СЈО бара од МВР физичко обезбедување на обвинителите
-->

Јавното обвинителство за гонење на кривични дела поврзани и кои произлегуваат од содржината на незаконското следење на комуникациите (СЈО) денеска до Министерството за внатрешни работи (МВР) достави барање за обезбедување полициски службеници кои ќе бидат ангажирани на физичко обезбедување на обвинителите при оваа институција, соопшти МВР.
Со оглед на високиот степен опасност по животот и личниот интегритет при вршењето на работните задачи во СЈО, се вели во соопштението, од МВР е побаран одреден број полициски службеници како за јавната обвинителка Катица Јанева така и за нејзините соработници- обвинители.
Министерството за внатрешни работи соопштува дека ќе го разгледа барањето и благовремено ќе достави одговор до СЈО.
-->
-->
-->
Ново на Сител
-

Институциите го зајакнуваат системот за интегритет, практичната примена останува предизвик
-

Тема на денот со Благојче Атанасовски, аналитичар
-

Нов апарат за дијагноза на остеопороза во Мајчин дом
-

Прилеп доби Центар за менаџирање на дебелина
-

Ленче Ристоска си поднесе оставка
-

Претседател на бугарско здружение опфатен во акција за лов на педофили
-

Нови сведоштва за насилството на Стојанче Јовановски кон сопругата
-

Големите пекарници ветуваат: Засега нема поскапување на лебот
