-->
-->
Сите државни функционери се плашат од оваа жена
-->

Откако српскиот Курир објавил исповед на манекенка, која од шефот на државата Николиќ добила дипломатски пасош, политичарите се вознемириле. д 23-годишната Душица Јевџеновиќ, советничка во владата, девојка на која претседателот на Србија, Томислав Николиќ, лично ѝ средил да добие дипломатски пасош, се тресе српскиот државен врв, пишува Kurur.rs.
Откако преку својата соработничка Слаѓана Пантиќ, открила за Kurir дека споменатата патна исправа ѝ ја набавил шефот на државата и дека никој не ѝ може ништо бидејќи ја штити таткото на нејзиното дете, политичарите на високи функции се вознемириле, свесни дека Јевџеновиќ нема да молчи и дека држи многумина во раката. Таа, потсетуваме, пред неколку дена во разговорот со Kurir не сакала да именува со кој моќник од светот на политиката има дете, но не пропуштила да нагласи дека што ѝ да направи, грбот ќе ѝ го чува човекот на кого му родила дете. Весникот пишува дека Јевџеновиќ еднаш нападнала службено лице за време на вршење на должноста.
Кога на тоа ќе се додаде дека дипломатскиот пасош, кој ѝ дава имунитет во странство ѝ го обезбедил Иван Мркиќ, на ургенција на шефот на државата, нема сомнение дека нејзината исповед кренала многу функционери на нозе.
-->
-->
-->
Ново на Сител
-

Двајца загинати во голем пожар на грчкиот остров Саламина
-

Кристијано Роналдо ја игра последната сезона
-

„Вардарис“: Притвор за осомничен за транспорт на 324 кг марихуана
-

Папата повикува на прекин на насилството врз Палестинците на Западниот Брег
-

Пожар на селото Вржале, за утре планирана воздушна интервенција
-

Активни пет пожари, три под контрола, регистрирани вкупно 14 пожари
-

Израелски министер се залага за убивање десетици Палестинци дневно: Тие луѓе не се достојни за живот
-

Приведени четири лица за нарушување на јавен ред и мир во Кочани
