Сите брендови на оне.Вип од 11 мај стануваат Вип

По спојувањето во октомври 2015 година, кога беше формирана новата компанија оне.Вип и по припојувањето на Близу кон оне.Вип, компанијата најавува дека од 11 мај брендовите на компанијата ќе бидат обединети под брендот Vip.
Како што појаснуваат од компаниајта, по тој датум сите корисници на Вип, ОНЕ и Близу тарифните модели стануваат Вип корисници. Од денеска компанијата почнува и кампања под мотото „Заедно е подобро“.
Оне.Вип ДОО Скопје е компанија која произлезе со спојувањето на Вип оператор и Оне во октомври 2015 година, каде Телеком Австрија Групацијата има удел од 55 отсто и целосна контрола над компанијата, а Телеком Словеније Групацијата поседува 45 отсто. Со присоединувањето, пак, на Близу Македонија, затворено на 3 мај 2016 година, го заокружува спроведувањето на стратегијата за конвергенција на Телеком Австрија Групацијата. Во моментот оне.Вип ги нуди своите продукти и услуги под брендовите Вип, ОНЕ, Близу и BoomTV.
Информираат дека лани оне.Вип започна со инвестиции во изградба на нова мобилна мрежа, како и во модернизација на фиксната мрежна инфраструктура, процес кој продолжува во 2016 година и има за цел до крајот на годината да овозможи најнапредни мобилни технологии во цела Македонија.
Ново на Сител
-

Изминатите 24 часа во Крушево 34 литри дожд на метар квадратен
-

Тедрос: Конфликтот во источно ДР Конго е најголема пречка за запирање на еболата
-

Од идната сабота полагањe на матурата - три типа според видот на образованието
-

Мицкоски на отворање на „Mega shopping Park“ во Гевгелија
-

МВР: Посебен режим на сообраќај во Скопје
-

Ракета на „Блу Ориџин“ експлодираше за време на тестирање на моторот во Кејп Канаверал на Флорида
-

Бесент: Постигнувањето договор ќе зависи од одлуката на Трамп
-

Советот на ЕУ одобри исплата на 2,8 милијарди евра помош за Украина
