Сиромашно момче заспало зад воланот по ноќна смена и удрило во две ферари, реакцијата на јавноста го шокираше

Млад Тајванец кој заспал зад воланот и излетал од патот при што удрил во две ферари и едно мицубиши, се шокирал кога дознал дека треба да плати 12 милиони тајвански долари (околу 390.000 американски долари) за нивна поправка.
Но, уште повеќе го изненади количеството на јавна поддршка која следуваше зошто луѓето почнаа да се јавуваат и да уплаќаат донации за да му помогнат да го отплати долгот.
Семејството на 20-годишниот Лин Чин-хсианг нема големи приходи, па неговата судбина трогна многумина во таа земја во која е се поголем јазот меѓу богатите и сиромашните.

Момчето кое пораснало само со мајка, го напуштило факултетот за да и помогне на мајката во семејната продавница во Тајпеј која продава мириси и златна хартија која се користи при религиски церемонии. Таткото му починал пред неколку години.

Во текот на ноќта работел во еден ресторан, а преку ден и помагал на мајката во продавницата. Несреќата во која настрадаа скапоцените „ферари“ се случила седното утро околу 5.40 кога момчето од ноќна смена се враќал дома и заспал зад воланот.
Скапите автомобили припаѓале на група пријатели кои се нашле пред заедничкиот пат и кои во моментот на несреќата стоеле покрај автомобилите, но за среќа никој не е повреден.

„Многу ми е жал што им ги оштетив автомобилите. Не беше намерно. Иако ќе ми треба многу време, секако би требало да си на наплатата штетата“, вели чесниот Лин.
Ново на Сител
-

МВР: Расчистен случајот со опасно управување скутер во Штип | ВИДЕО
-

Автобус се запали на автопатот Велес-Скопје
-

Димитриеска Кочоска на ФБ: Намалувањето на акцизите на горивата и на ДДВ-то за бензините од 18 на 10 отсто ќе важи до 1 јуни
-

Истрага за осомничен за продажба на кокаин во Тетово
-

ЈОРСМ: Предложен притвор за телесна повреда при семејно насилство во Скопје
-

ФФМ упати осуда за навредливо и недолично однесување на ФК Вардар
-

Кривична за малолетничка од Кочани која психички вознемирувала дете
-

Сообраќајка помеѓу два електрични тротинети во Скопје управувани од 62-годишна жена и малолетник
