Сириските бунтовници ќе им дозволат на цивилите да заминат од Источна Гута

Претставници на руската армија соопштија дека сириските бунтовници ветиле оти дека ќе им дозволат на цивилите да си заминат од Источна Гута во замена за хуманитарна помош.
Русија претходно воведе еднодневен прекин на огнот, но воени претставници истакнаа дека сириските бунтовници ги спречуваат локалните жители да ја напуштат областа.
Сирискиот Црвен крст планира во Источна Гута денеска да достави 247 тони хуманитарна помош. Конвој од 45 камиони и мобилна болница од утрово чека на контролниот пункт во селото Вафидин.
Сирискиот центар за мониторинг на човековите права, со седиште во Лондон претходно соопшти дека во најновите воздушни напади на просириските владини сили во Источна Гута се убиени најмалку 14 цивили.
Сирискиот претседател Башар ал Асад најави дека нападите против бунтовниците ќе продолжат.
Во текот на ноќта и рано изутрината, неколку делови на Источна Гута беа цел на воздушни напади и ракетирања.
- Од почетокот на офанзивата на 18 февруари загинаа 709 цивили, изјави директорот на Центарот Рами Абдел Рахман. Тој дополни дека владините сили ја вратиле контролата над повеќе од една четвртина од Источна Гута.
Ново на Сител
-

Одбележан 4 април, Денот на тутунските работници - се бара поголема поддршка од државата
-

За прв пат Лазарева поворка во Охрид
-

Потрага по пилотот на соборениот американски авион во Иран
-

Преглед на вестите од светот
-

Што државата треба да преземе за да се справи со кризата
-

Тема на денот со Зоран Јовановски, економист
-

Психолог од Битола во притвор, осомничен во истрага за детска порнографија
-

Државата ќе проценува кои препораки за штедење гориво се применливи кај нас
