Сириски Курди: Турската офанзива во Џараблус е „објавување на војна“
Сириските Курди го осудија денешното навлегување на Турција во градот Џараблус, кој е под контрола на Исламска држава.
Сириските Курди тоа го оценија како „објавување на војна“.
- Турското вмешување во Џараблус е нарушување на суверенитетот на Сирија... и објавување на војна на (курдската) автономна администрација и федералниот систем, изјави Алдар Халил, член на сириската курдска Партија Демократски сојуз.
Во март Партија Демократски сојуз и неколку групи нивни сојузници прогласија федерален систем на администрацијата во северна Сирија.
Турски тенкови денеска ја преминаа границата и влегоа на сириска територија. Тенковите имаа поддршка од воздух од воените авиони на коалицијата предводена од САД против Исламска држава.
Турската телевизија НТВ јави дека 20 турски тенкови ја преминале сириската граници и оти има судири во пограничниот регион. Според дел од западните медиуми на сириска територија има шест турски тенкови.
Турската артилерија и авиони од утрово напаѓаат цели на ИД во северна Сирија.
Ново на Сител
-
Статус кво на токсикологија - Догороворците си одат на работа, ДСЗИ ќе врши надзор неделава
-
Епидемијата со голема кашлица не стивнува
-
Жителите на прилепско Оревоец на Суд ќе ја бараат правдата
-
Во Скопје има 180 пожарникари, а потребни се над 450 - Подобри услови ќе бараат од новата Влада
-
Преглед на вестите од светот
-
Европската комисија повикува на почитување на Преспанскиот договор
-
Се одбележува 20 мај - Денот на пожарникарите
-
Стабилна состојба на работникот, кој се здоби со тешки повреди во лифт во штипски угостителски објект