-->
-->
Синот на принцот Хари ќе го видиме за два дена
-->
Неколку часа откако се здоби со титулата татко, принцот Хари даде изјава за медиумите. 34-годишниот припадник на британското кралско семејство потврди дека присуствуваше на породувањето и дека многу се гордее со Меган.Со возбуда можам да соопштам дека со Меган добивме момче утрово, многу здраво машко бебе. Беше најубавото искуство кое би можел да си го замислам. Како жените го прават она што го прават е непоимливо. Неверојатно многу се гордеам со мојата сопруга. Не сум присуствувал на многу породувања. Ова дефинитивно ми беше прво породување. Беше прекрасно и апсолутно неверојатно. Секој татко и родител ќе каже дека неговото дете е неверојатно, но ова мало нешто е да умреш за него. Пресреќен сум – изјави тој.
На прашањето дали имаат избрано име за синчето, Хари одговори: Сè уште размислуваме за имиња!
Хари сподели и дека јавноста ќе има можност да го запознае новороденчето за два дена.
Меган утрово роди момче тешко 3,3 килограми.
-->
-->
-->
Ново на Сител
-

Ќе се чешлаат сите лиценцирани фирми за канабис, премиерот очекува заплена и до 100 тони
-

Мицкоски: Има политичка волја за правосуден и на други јазици
-

Вештак од Словенија открил низа пропусти во лекувањето онколошки пациенти во Македонија
-

Во Струмица нов протест за почист воздух
-

Стручна конференција: Кој го изврши атентатот врз Киро Глигоров?
-

Јаневска: Со новиот закон нема да се мешаме во автономијата на универзитетите
-

Преглед на вестите од светот
-

Работниците им го блокираат патот на пратениците до Собранието
