Синер: По загубениот трофеј на Ролан Гарос, ги посетив моите родители и играв пинг-понг со пријателите
Италијанскиот тенисер Јаник Синер сподели како го поминал времето откако загуби од Шпанецот Карлос Алкараз во финалето на „Ролан Гарос“.
– Неделата по Париз беше многу мирна. Ги посетив моите родители, направивме скара, се сретнавме со пријателите, игравме пинг-понг. Вообичаените работи. Тоа беше она што ми требаше по тежок турнир, изјави Синер за „Скај Спорт Италија“.
Светскиот број еден истакна дека најважното нешто во тенисот е посветеноста.
– Најважно е да го развиваме нашиот спорт и да покажеме дека сме спортисти кои даваат сè на својот занает. Мислев дека финалето против Алкараз беше неверојатен натпревар на многу високо ниво, но не заврши онака како што сакав, додаде тој.
Дваесет и тригодишниот Синер го загуби своето прво финале на Грен слем, откако стигна до оваа фаза четири пати. Италијанецот претходно двапати го освои Австралија Опен и еднаш УС Опен.
Ново на Сител
-
ФК Силекс со бесплатен превоз за домашниот натпревар со ФК Дечиќ
-
Маж од Скопје со 1.34 промили алкохол во крвта возел туѓ автомобил во спротивна насока, предизвикал сообраќајка
-
Трамп го свикува Национален совет за безбедност заради Иран
-
Победнички старт на Ивановски на челинџерот во Франција
-
Владата ја усвои новата Стратегија за конфискација на незаконски стекнат имот
-
Разговор Муцунски-Калас за евроинтеграцијата, регионалното поврзување и состојбата на Блискиот Исток
-
Почина Владимир Лапе, еден од доајените на македонското новинарство
-
Жител на Криволак предизвикал пожар палејќи стари предмети на нива