-->
-->
Синер и Алкараз во финалето во Рим
-->

Во неделното финале на АТП турнирот на земјена подлога од серијата Мастерс 1000 во Рим ќе играат домашниот тенисер и рекет број еден во светот, Јаник Синер против Шпанецот Карлос Алкараз.
Во синоќешниот полуфинален натпревар, Синер го победи Американецот Томи Пол со 1-6, -0, 6-3, со што италијанскиот тенисер ја оствари својата 26-та победа по ред.
Алкараз претходно го спречи италијанското финале во Рим откако победи со 6-3, 7-6 против Лоренцо Мусети по два часа игра.
За Алкараз тоа беше петта победа над Мусети во нивниот шести меѓусебен натпревар.
Во денешното финале, пак, на женскиот турнир ќе играат Италијанката Јасмин Паолини и Американката Коко Гоф.
-->
-->
-->
Ново на Сител
-

Тема на денот со г. Георгиј, митрополит Дебарско-кичевски
-

Гориво со попуст за граѓаните се извезувало во странство?!
-

Грција привремено го суспендираше системот ЕЕС
-

Уште 3.000 граѓани заминале за Грција
-

СДСМ и ВМРО-ДПМНЕ со обвинувања кој ја блокира ЕУ агендата
-

СДСМ бара истрага за унгарскиот кредит
-

Нападот врз синагогата во Скопје бил внимателно планиран
-

Лекари од Македонија кои работат во странство преку телемедицина ќе лекуваат пациенти во земјава
