Синдикатот на УКИМ на преговори со Собранието за мирно решавање на спорот за колективниот договор
– Во Ректоратот на Универзитетот „Св. Кирил и Методиј“-Скопје денеска ќе се одржи средба помеѓу одборот за преговори, предводен од претседателот на Парламентот, Талат Џафери и претставници на Сојузот на синдикати на УКИМ, предводени од неговиот претседател, проф. д-р Ангел Ристов.
Средбата ќе се одржи врз основа на барањето на Синдикатот на Скопскиот универзитет за мирно решавање на колективен спор со посредство на помирувачот, адвокатката Мимоза Салтирова, согласно Законот за мирно решавање на работните спорови.
– Со оглед на прифаќањето на предлогот за мирно решавање на спорот од страна на Собранието, како основач на Универзитетот „Св. Кирил и Методиј“ во Скопје, очекуваме да постигнеме договор со кој ќе се остварат нашите повеќегодишни барања за потпишување колективен договор на ниво на работодавец – УКИМ, унапредување на правата од работен однос и покачување на платите на вработените, се наведува во дописот од Ангел Ристов, претседател на Сојузот на синдикати на Скопскиот универзитет.
Ново на Сител
-

Сиљановска: Не очекувам да се нарушат односите со Бугарија
-

Јотова загрижена за бугарскиот амандман за извештајот за Македонија - почна дебатата во ЕП
-

Тема на денот со Стојанче Ангелов, директор на ДЗС
-

Приведен 44 годишeн скопјанец за палењето на возилата на бугарската амбасада
-

Нова инвестиција во ТИРЗ Тетово вредна 21 милион евра ќе отвори речиси 500 работни места
-

Од денеска нема мерки за горивата, Пазарната инспекција подготвува нов извештај за цените во маркетите
-

Се затега монетарната политика, ќе поскапат кредитите
-

Се удави 20 годишно момче во Охридското езеро
