Синдикатот на пожарникари задоволен од зголемувањето на блок дотациите за плати во Предлог-буџетот

Независниот синдикат на пожарникарите го поздравува зголемувањето на висината на блок дотацијата за плата и надоместоци на плата за припадниците на пожарникарските единици во Предлог-буџетот за 2020 година.
Според Синдикатот, со планираните средства во Предлог-буџетот ќе се реши проблемот со кој се соочуваат пожарникарите кои земаат помала плата за 20 проценти од законски утврдената, за која општините добиваат блок дотација од страна на Владата.
– Зголемувањето на парични средства за блок дотација за плата и надоместоци од плата на припадниците на ТППЕ за 2020 година е показател дека конечно едно од најгорливите прашање за сите пожарникари – спасители во РМ еднаш засекогаш ке биде решено, велат од Синдикатот, додавајќи дека пожарникарите не бараат покачување на платата, туку исплата на законски утврдената плата.
Од Синдикатот очекуваат до средината на месецов да остварат средба со премиерот на која се надеваат дека ова прашање конечно ќе биде затворено.
Независниот синдикат на пожарникари во соработка со стручните служби на Сојузот на синдикати на Македонија започна со институционално решавање на ова прашање. За проблемот, како што информираат од Синдикатот, бил запознат и премиерот на средба одржана на 8 јуни годинава.
Ново на Сител
-

Зеленски го условува прекинот на нападите врз руски рафинерии со испорака на американски ракети
-

ДИК за изборите за градоначалник во Брвеница: Јахиј освои 4442, а Радичевски 4177 гласови
-

Седници на собраниските комисии за финансирање и за одбрана
-

Облачно со повремен дожд
-

Аркин Јахији е новиот градоначалник на Брвеница
-

ДИК: Одѕивот на изборите за градоначалник во Брвеница до 18:30 часот е 52,90 отсто
-

МВР: Расчистено вчерашното насилство пред кошаркарскиот натпревар во Скопје, поднесена кривична пријава
-

Излезноста во Брвеница до 13 часот 27,81%, повисока за 7,31 процентни поени од првиот круг
