-->
-->
Син на арачиновец должел пари па заиграле пиштолите
-->

Околу 18 часот во селото Арачиново во текот на вчерашниот ден, 71-годишниот Е.Б.Б пријавил дека насилници го нападнале со сопругата во неговата куќа. Според податоците од полицијата, додека тој седел со неговата сопруга Ф.Б. некој затропал на влезната порта, и кога ја отворил вратата насилниците Ф.М. и Ш.М. веднаш го турнале на земја и влегле во дворот, а едниот од нив извадил пиштол, го вперил во главата на старецот, по што почнале да му се закануваат по неговиот животот и животот на неговото семејство. Тие од него барале да им каже каде се наоѓа неговиот син А.Б., кој наводно им должел пари. Во тој момент надвор излегле и неговата сопруга, синот З.Б. и снаата М.Б., кои од страв побегнале и веднаш повикале полиција, а разбојницитепобегнале во непознат правец.
Се преземаат мерки за целосно расчистување на случајот.
-->
-->
-->
Ново на Сител
-

Се шират жариштата на овчата сипаница на истокот
-

За неполн месец спасени 10 давеници
-

Седум ЕУ држави се спротивставија на Мерц, нудат нов план за целосно членство на Западен Балкан
-

Тема на денот со Јованка Тренчевска, потпретседателка на СДСМ и пратеничка
-

Преглед на вестите од светот
-

Оставка на уставниот судија Гоце Наумовски
-

Кавги во Собранието поради законот за правична застапеност - ДУИ бара веднаш да се гласа
-

Дурмиши: Продажните цени растеле побрзо од набавните, но сега се стабилизираат
