Симеонов: Државата мора да инвестира во сајбер безбедност – прашањето не е „дали“, туку „кога“ ќе нè хакнат

Државата мора да повеќе да инвестира во сајбер безбедноста на државните институции, вели експертот за интернет безбедност, Филип Симеонов за Сител.
-Веќе не стану збор „дали ќе бидеме хакирани“, туку „кога ќе бидеме хакирани“. А тоа го докажува и сегашната ситуација, согласно заканата на дечките што се борат за праведно општество. Ненаоѓајќи друг начин, ова е најбезболна, најинтересна и најлесна опција за да се дојде се дојде до слухот на политичарите и организациските структури, вели Симеонов.
Посочува дека не се хакирани само веб страниците на Министерствата за образование и за здравство, туку хакерите имаат пристап на целосната инфраструктура на Здравство, а доказ за тоа се објавите дека групата поседува мејл „боксови“ 676 вработени во Здравство.
Хакерите веќе објавија дека нема да ги објават сите мејлови, но не се исклучува на интернет да се појават комуникации кои имаат индиции за некаков криминал.
Повеќе информации во вестите во 16 часот.
Даниел Василев
Ново на Сител
-

Највисоки казни за инвеститорот по свлечиштето кај Теодосиј Гологанов
-

Високи температури и најава од УХМР за силно невреме во четврток попладне
-

Претседателката ги додели наградите Women in Tech
-

Средба Мицкоски - Пленовиќ во Охрид
-

Заемот од 260 милиони евра на пленарна седница
-

ВМРО-ДПМНЕ: Само Филипче му верува на Радев дека уставните измени се последниот услов
-

Лакавица остана без род од овошките заради една ноќ со минусна температура
-

Нови напади САД-Иран среде преговори
