-->
-->
Симболични цени на влезниците за мечот Вардар – Динамо Загреб
-->

Раководството на македонскиот првак Вардар, се реши со симболични цени на влезниците да им овозможи на сите свои симпатезери, но и љубители во фудбалот, да го проследат мечот од квалификациите за Лигата на пшампионите против Динамо Загреб.
Вардарци преку соопштение објавено на официјалната интернет страна на клубот, ги објави цените на влезниците кои ќе чинат 100, односно 200 денари.
„Влезниците за натпреварот ќе бидат пуштени во продажба преку продажната мрежа на Тикет Плус, како и онлајн преку интернет страната на ticketplus.mk. Сите заинтересирани љубители на фудбалот, во периодот од 1 до 6 јули, ќе може да ги набават влезниците по промотивна цена од само 100 денари, а потоа, истите до денот на одигрувањето на натпреварот, ќе чинат 200 денари“, пишува во соопштението на скипскиот клуб.
Натпреварот од второто квалификациско коло меѓу Вардар и Динамо Загреб ќе се игра на 12 јули на арената „Филип Втори“ во Скопје со почеток од 20 часот и 45 часот минути, а реванш средбата е седум дена подоцна во Загреб.
-->
-->
-->
Ново на Сител
-

Преглед на вестите од светот
-

21 септември - светски ден на Алцхајмеровата болест
-

Деветти смртен случај поврзан со западно нилска треска
-

Ако цената на горивата продолжи да расте, Владата ќе разгледува нови мерки
-

СДСМ: Расте бизнис мрежата на Мицкоски
-

ВМРО-ДПМНЕ: Филипче сака 600 евра минималец, ама не сака дата центри
-

Жетвата на ориз започна, проблемите останаа нерешени
-

Празникот Мала Богородица одбележан во манастирот во Вељуса
