-->
-->
Силувале девојка среде свадба, гостите гледале
-->

Миле Дробац (24) и Душко Башиќ (23), двајцата од Нови Град, се осомничени за силување на дваесетгодишната Ј.Л. од Приједор.
Осомничените се спроведени во Окружното обвинителство на Бања Лука на понатамошно сослушување. Според изјавите на мештаните, девојката е силувана во напуштена куќа и на очиглед на многубројните гости, кои само гледале што се случувало.
Мештаните сепак нагласуваат дека „однесувањето на девојката не им било чудно", бидејќи како што велат „и порано била со мажи".
Обвинителството собрало доволно материјални докази против осомничените. Меѓу доказите за Обвинителството пресуден бил гинеколошкиот преглед на оштетената во Општата болница во Приједор, кој го потврдил насилниот однос.
За целиот случај да биде пријавен во полиција инсистирала другарка на силуваната девојка, после што е спроведена истрага.
-На никој не му паѓа на памет да зборува за тоа дали имало силување или не, тоа нека го утврди полицијата. Но, она што го знам за таа девојка е дека и порано била со мажи. Што се случило на свадбата, тоа нека го утврди истрагата, вели еден мештанин кој сакал да остане анонимен.
Да биде иронијата поголема, оштетената Ј.Л. на својот Фејсбук профил, на денот кога е пријавено силувањето напишала:
-И понекогаш се случува некој да те издаде, а потоа и новата песна од Саша Ковачевиќ „Случајно", во која во рефренот се пее: "To nikada nisam smeo, a želim te jako. Stani malo, nemoj tako, nemoj dok nas gleda svako".
-->
-->
-->
Ново на Сител
-

Тема на денот со Венко Филипче, лидер на СДСМ
-

Филипче бара извинување од Мицкоски, премиерот ја нарече одлуката на обвинителството скандалозна
-

Опозицијата поделена по понудата за предвремени избори
-

Во Скопје детектирани 13 високо ризични места за ширење на западно-нилскиот вирус
-

Прекината епидемијата во Гостивар
-

Чадот од пожарите го загрозува здравјето - најчувствителни се децата и хронично болните
-

Училишниот прибор ќе поевтини до 15 проценти, Владата ќе носи одлука во вторник
-

Пораст на просечната плата за 6,4% годишно, пензиите од септември повисоки за 6 отсто
