Силно невреме во Франција, Германија и Швајцарија, повредени повеќе лица | ВИДЕО
Швајцарија, дел од Германија и истокот од Франција беа погодени од силно невреме, со обилни врнежи од дожд, кои парализираа дел од сообраќајот во Штутгарт, изјавија локалните власти.
Засега нема податоци за можни жртви во Германија, додека пет лица беа повредени во Швајцарија.
Невреме го зафати и регионот Восгес во Франција. Водата ги преплави подрумите, а дел од куќите останаа без електрична енергија откако ветерот ги оштети далноводите.
Околу 60 сантиметри град падна одеднаш врз општината Пломбиерес-ле-Бан.
Француската метеоролошка служба издаде предупредувања за бура за целиот северо-исток на земјата.
Грмотевици, силен ветер и град ја погодија и Швајцарија, а пожарникарите и полицијата интервенираа 300 пати во кантонот Фрибург.
Oбилни дождови и грмотевици, кои ги погодија јужните и западните делови на Германија, предизвикаа низа инциденти поради кои противпожарните служби интервенираа цела ноќ.
Силните налети на ветрот го оштетија покривот на Операта во Штутгарт, па претставите беа откажани.
Ново на Сител
-

Тема на денот со Максим Димитриевски, лидер на ЗНАМ
-

Патарини ќе може да се плаќа и преку мобилен телефон
-

Петмесечно бебе починато однесено на Детска клиника
-

Судскиот совет пред одлука меѓу судиите Димовска и Стефановски за претседател на Кривичниот суд
-

Само три лица издржуваат куќен затвор со електронска алка, ќе се менува Законот за пробација
-

Жестока расправа во Советот за кварталниот извештај за буџетот на Град Скопје
-

Одрон од карпа на влезот на Радожда
-

Сопрена истрага за Капушевски и Јахоски за набавката на мазут за ТЕЦ Неготино
