Силно невреме низ Македонија - еве на кои места најмногу заврна дожд
До 13 часот во невремето што зафати делови од Македонија најногу дожд наврна во Куманово - 20 литри на метар квадратен, во Скопје Петровец 16, Скопје З. Рид 11, Лазарополе 4 и помалку од 1 во Маврово и Тетово, соопшти УХМР.
Оттаму информираат дека врнежите на Метеоролошката станица Зајчев Рид траеле само 25 минути и тоа од 11 40 до 12 05 часот, а за тоа време паднале 11 литри на квадратен метар.
Во пладневните часови преку северните делови од земјата започна да преминува бран од врнежи проследени со грмежи и повремено пороен дожд.
Под влијание на оваа влажна и нестабилна воздушна маса најмногу беа зафатени северозападните делови од земјава, а потоа и регионот на Скопско.
Нестабилното време се префрли од западните делови од Скопската котлина преку централното градско подрачје понатаму кон исток, а имаше појави на пороен дожд, грмежи и засилен ветер чија брзина повремено надминува 80 км/час.
Нестабилноста во моментов е на североистокот од земјата и врнежите и грмежите во следните часови ќе се преместува кон исток, а можно е таму и дa се прошират.
Во Скопскиот регион и натаму има услови за појава на повремен поинтензивен дожд и ретки грмежи и тоа претежно преку денот и во вечерните часови.
Утре нестабилноста ќе е со помал интензитет и претежно во планинските региони.
Ново на Сител
-
Вреди: Не треба да се отвораат старите рани
-
Победа над Фарски Острови - македонските ракометари се пласираа на Светско
-
Пендаровски се заблагодари на граѓаните за укажаната доверба
-
ЦУК: Спасени две лица кои со „квадрицикл“ излетале во провалија на Шара
-
Приштина: Притвор од 30 дена за државјанин на Србија вмешан во ланските немири во северно Косово
-
ЕУ потсетува на важноста од целосно почитување на Договорот од Преспа
-
Мишел и Фон дер Лајен со честитки во Сиљановска Давкова: Очекуваме соработка на европскиот пат на земјата
-
Алексеј Навални постхумно ќе ја добие наградата за мир во Дрезден