Силно невреме над Македонија - 10 дневна временска прогноза

Среда нема да донесе „убаво“ време на какво се навикнавме во изминативе денови. Уште претпладне ќе има наоблачување, позначајно во западниот и северниот регион. Врнежи од оваа облачност се очекуваат попладне и во текот на вечерта, со тоа што попладне ќе бидат почести во западниот, а навечер во североисточниот регион. Грмежите ќе бидат ретка појава.
Иако ќе биде пооблачно во однос на претходните денови, во југоисточниот регион веројатноста за врнежи ќе биде под 30%.
Температурата ќе достигне максимална вредност во границите од 26°С до 28°С во поголем дел од котлините низ земјава. На југоисток околу 30°С.
Скопскиот регион очекува променливо време. Пооблачно ќе биде попладне и навечер, кога се очекуваат и повремени врнежи од дожд. Температурите нема да надмине 28°С.
Променливото време ќе се задржи и во наредниет десетина дена. Силно невреме се очекува утре, а дожд ќе имаме и за време на викендот.
Ново на Сител
-

Одбележување на Илинден во Пелинце и Св.Прохор Пчински
-

Сиљановска Давкова за Илинден во Скопје
-

123 години од Крушевската република
-

Филипче со илинденска порака од Мечкин Камен
-

Уапсени се 6 лица по вчерашното пукање на семејна прослава во гостиварско
-

Нема нови потврдени случаи на западно-нилска треска
-

Протест во Крупиште
-

Охрид пулсира 24 часа
