Балкан
23. May 2017 - 14:30

Силно невреме го зафати регионот - невремето доаѓа кон Скопје

Невреме проследено со дожд и грмотевици го зафати Нови Сад, а оди и кон Белград. Денеска цел регион е зафатен со силно невреме, а доаѓа и кон Скопје. УХМР најавува дека Македонија деновиве ќе биде во жолта фаза. Во Нови Сад падна град, а се најавува и во Скопје.

До сабота подрачјето на Македонија ќе се задржи под влијание на серија влажни воздушни бранови, па времето во попладневните часови ќе биде променливо облачно и нестабилно со поројни врнежи од дожд и грмежи.

Денес и утре ќе има услови за локално невреме со појава на град и засилен ветер.

Во четврток ќе биде облачно преку целиот ден и се очекуваат пообилни врнежи од дожд, особено во јужните делови. Во петок и сабота врнежите ќе бидат полокализирани, но ќе дува засилен северен ветер.

Од утре температурата значително ќе опадне.