Силни земјотреси регистрирани во Чиле и Папуа Нова Гвинеја

Земјотрес со интензитет од 6,1 степен според Рихтеровата скала вчера го погоди северниот дел на Чиле, соопштија чилеанските власти, јави ДПА.
Според податоците на Сеизмолошкиот инстутит на Чиле земјотресот бил со интензитет од 6,1 степен според Рихтеровата скала, а Геофизичкиот институт на САД соопшти за јачина од 6,2 степени.
Потресот во 17:26 часот според Гринич е регистриран во Чанарал, во регионот Атакама, на 800 километри северно од главниот град Сантијаго и е почувствуван во градовите Копиапо и Тиера Амариља.
Властите соопштија дека нема информации за евентуални жртви и за причинета материјална штета.
Земјотрес со интензитет од 6,3 степени според Рихтеровата скала е регистриран синоќа во 19:38 часот според Гринич, северно од Папуа Нова Гвинеја, соопшти американскиот Геофизички институт.
Потресот со длабочина од 6,6 километри е почувствуван во регионот на Адмиралтејските Острови.
Нема информации за жртви и причинета материјална штета, а нема ниту опасност од појава на цунами.
Ново на Сител
-

Хемикалија за производство на детергенти ги побели Лепенец и Вардар
-

Два ер трактори го гасат пожарот во Желино
-

Тема на денот со професор Горан Начевски, претседател на Здружението на металурзи на Македонија
-

Само Филипче успеа да постави прашање, Села ја блокираше седницата
-

Гаши нема да оди на Илинден
-

Гостивар се уште без вода за пиење
-

На Инфективна расте бројот на критични пациенти со западно-нилска треска
-

Апелациониот суд – Скопје доби в.д претседател
