-->
-->
Силјановска: Tатко ми се бореше за Македонска држава, јас не отстапувам од неговиот пат
-->
Универзитетската професорка Гордана Силјановска- Давкова во објава на Фејсбук, објаснува дека нејзиниот татко Александар Силјановски бил нејзина најголема инспирација за кандидатурата за претседател.Таа објави слика од таткото кој бил борец во НОБ и дел од македонско-косовската ударна бригада. Како што објаснува професорката тој учествувал и во Февруарскиот поход, а има заслуга и за ослободувањето на Кичево. Силјановска- Давкова вели дека тој се борел за Македонска држава и таа нема да отстапи од неговиот пат.
-Ова е Александар Силјановски (лево). Мојот татко. Тој е инспирацијата за мојата кандидатура. Александар во НОБ отишол на 19 години. Бил борец во Македонско-косовска ударна бригада, курир на Петар Брајевиќ, учесник во Февруарски поход и делегат на Младинскиот конгрес во Фуштани, Егејска Македонија. На сликата носи 3 ордени. Едниот за ослободување на Кичево (прво ослободен град во Македонија) и два за битки во Февруарски поход. Александар се бореше за Македонска држава! Јас не отстапувам од неговиот пат!, напиша Силјановска.
-->
-->
-->
Ново на Сител
-

Советот на јавни обвинители даде позитивно мислење за четворица кандидати за државен јавен обвинител
-

Вонреден инспекциски надзор во Правда, бараа објаснување за полагање на правосудниот испит
-

Уставен пред комплетирање - се чека изборот на нови судии за одлука за Законот за јазици
-

Протест на ССМ пред Владата
-

СДСМ обвинува дека Мицкоски го користел владиниот авион приватно, Владата демантира
-

Над 200 милиони евра годишно се даваат како државна помош, но не се знае кој добива и за што
-

Прегазени дете и тинејџер во две одделни сообраќајни несреќи
-

Зголемен водостојот на реките, во Кичево се уште се санираат штетите
