Сиљановска ја почнува кампањата од родниот Охрид
Добро утро Македонијо! Ја почнувам кампањата денес од мојот роден град Охрид. Би сакала да информирам дека кампањата има две лица едното е граѓанското, другото е на најголемата опозициска партија и предводник на коалицијата партии кои застанаа зад мојата кандидатура ВМРО-ДПМНЕ. Во граѓанскиот штаб, шеф е Горан Момировски. Во штабот на ВМРО-ДПМНЕ, шеф е Генералниот секретар Јанушев.
Граѓанскиот штаб се наоѓа во центарот на Скопје карши Багат, а ќе го отвориме во среда. Сите заинтересирани граѓани кои сакаат да се вклучат во кампањата ги замолувам да се упатат таму. Слоганот на кампањата е Правда за Македонија! Татковината повикува! Користиме хаш таг #ПравдазаМакедонија #Татко
Ве известувам дека додека ве убедувам да гласате за мене овие 20 дена низ цела Македонија мојата кампања ќе прави добро. Секој град кој ќе го посетам ќе добие, мала, бесплатна, јавна библиотека. Исто така граѓанските активности ќе бидат насочени кон правење добро за себе, за околината и за заедницата. За големите настани следете ја веб страната: http://
Ново на Сител
-

Денеска два астрономски спектакла - помрачување на Сонцето и метеорски дожд, ќе бидат видливи и од Македонија
-

Почина 83-годишен пациент заразен со западнонилска треска
-

25% од учениците на 15 и 16 години се коцкале за пари во последната година
-

УХМР најавува невреме: Пороен дожд, грмежи, силен ветер и можен град
-

Зголемена фреквенција на патиштата, околу еден час чекање на Табановце и Богородица
-

Активни пожари кај Македонски Брод и над селото Моране
-

Со распит на градежните вештаци продолжува судењето за пожарот во „Пулс“
-

Намерно подметнат пожар кај депонијата во Ново Село се прошири во шумскиот појас

