Сиљановска Давкова за можен прием на мигранти: Колку што сум информирана од британскиот амбасадор и од Владата тоа не е точно

Претседателката Гордана Сиљановска Давкова денеска изјави дека според информациите, што ги има од британскиот амбасадор и од Владата тврдењата дека се преговарало со Велика Британија за прифаќање мигранти во земјава се неточни.
Таа одговарајќи на новинарско прашање во врска со објавите во дел од британските медиуми дека се разговарало со македонските власти за можен прием на мигранти во земјава и во однос на резолуцијата за мигрантите до Собранието, што претходно ја најави претседателот на СДСМ, Венко Филипче, истакна дека ова прашање се интензивирало деновиве, а за него се зборувало уште кога се склучило стратешкото партнерство со Велика Британија.
- Ова прашање се интенвизира деновиве, инаку мислам дека за него чувме уште во време на склучувањето на Стратешкото партнерство. Колку што јас сум информирана од британскиот амбасадор и од Владата тоа не е точно. Мојот став е дека ако се работи за лица кои се опасност за Британија, тие се подеднакво опасни и за нас и јас сум против нивен прием. Меѓутоа она што вие сега го кажувате резолуција, ама прашањето е за што ако ние немаме докази, бидејќи тоа што излегува во медиумите, со сета почит кон вашата професија, не мора да биде точно, рече Сиљановска Давкова по отворањето на Меѓународниот форум насловен „Глокализација 2.0: Одржлива родово-одговорна иднина”, организиран од Регионалната мрежа за родово одговорно буџетирање (GBWN).
Сметам дека секогаш кога преземате некои активности, додаде претседателката, тоа мора да се заснова на факти и докази, за да не се губи времето во креирање дополнителни поделби за прашања кои навистина го немаат одговорот.
МИА
Ново на Сител
-

Македонските кикбоксери со 111 натпреварувачи на „Балкан бест фајтерс“
-

Ердоган по средбата со Путин: Мирот во Украина не е далеку
-

Граничниот премин Евзони (ГП Богородица) затворен за сообраќај
-

Намалена видливост поради магла во Кичево и Ботун
-

Советници од САД и Украина утре ќе присуствуваат на мировни преговори во Берлин
-

Првпат во Македонија изведена хируршка интервенција кај дете со ретка конгенитална деформација
-

Идната недела сончево и тивко, со надпросечни температури
-

Турнејата на Меси низ Индија започна во хаос, лутите навивачи фрлаа седишта на теренот
