Македонија
30. January 2022 - 19:29

Силјановска Давкова: Треба да се зафатиме со отстранување на елементи од Уставот

Пратеничката Гордана Силјановска-Давкова вечерва во Тема на денот на Сител истакна дека има потреба од отворање на Уставот.

-Предлагам да го отвориме Уставот по основа на експертски состав. Треба да се зафатиме со отстранување на елементи од Уставот. Пример спикерот да распишува избори. Па тоа е далеку од умот, вели Давкова.

Пратеничката е категорична дека имаме проблеми во Уставот.

-Стравот постои од отворање на Пандорината кутија, оценува Силјановска-Давкова.