Сиљановска - Давкова: Се обидов со најдобра намера да воспоставам контакт со опозицијата да објаснам дека дома мора да сме едногласни

Националниот интерес е најважен. Ние да имавме во многу прашања консензус поинаку ќе гледаа на нас и начинот на кој се однесуваат кон нас од надвор покажува дека ние сме ги охрабрувале дека уставните измени се главното решение, вели претседателката Гордана Сиљановска - Давкова во вториот дел од мега интервјуто за МИА.
- Ние да имавме во многу прашања консензус и да не ја исклучувавме опозицијата - и сега не треба да се исклучува, нема демократија без опозиција - многу полесно ќе речевме: „Извинете, имаме задршка во поглед на ова решение, не е баш така. Мора да ги прашаме сите, да им откриеме“. Поинаку ќе гледаа на нас. Ама начинот на кој се однесуваа, се однесуваат кон нас од надвор, покажува дека ние сме ги охрабрувале дека уставните измени се главното решение. И, извинете, 36 амандмани, и сега нови. Решија нешто тие? - Не, додава претседателката.
Таа смета дека решението треба да доаѓа прво од дома и вели дека се обидела да воспостави контакт со опозицијата, бидејќи, како што рече, „не треба да одиме надвор без да се договориме дома“.
- Се обидов, верувајте ми, се обидов со најдобра намера да воспоставам контакт со опозицијата, да објаснам дека ако сме едногласни дома, да не одиме, прво, надвор, без да се договориме дома. Второ, да научиме дека надвор не се кажува она што се кажува дома. Често го цитирам Хелмут Кол кога го прашуваа во Шпанија за проблемите со финансирањето на партиите, а тој рече: „Не можам јас овде да одговорам, дома кога ќе дојдам, да“. Ние многу сакаме да раскажуваме пред другите и многу се восхитуваме од комплиментите. Дури и кога сме свесни дека не ни личат, мислиме дека е така. И тогаш правиме некои нешта што не се добри. Не се добри воопшто, истакна претседателката.
На прашањето каква Македонија би сакале да видите на крајот од Вашиот мандат, Сиљановска - Давкова одговори дека сака да ја види внатре во ЕУ, но со извесност и да се знае дека врз основа на хармонизираноста - не само правна, туку и политичка, економска, реформска.. во секој момент може да се влезе.
- Да речам дека сакам да ја видам внатре во ЕУ, тоа е сега - 2026. Меѓутоа, ако не внатре - кога мислам внатре, мислам јас сум секогаш заговорник, да, треба да биде индивидуално зачленувањето, на заслуги, на мерит да биде, но мора да се води сметка и за регионалниот пристап, некој храбар чекор, каков што беше оној во 2004 година, ако сакаме многу полесно да ги решаваме проблемите во регионот. И затоа јас сакам... сакам да кажам - пред вратата, еве пред вратата кога мислам - завршени поглавјата, кластерите... Зошто да не, ќе речете: „Не ви личи, ова е утопија“. Видете колку бргу Албанија чекореше во отворањето и затворањето, а ако може Украина и Молдавија технички толку бргу да напредуваат, бидете сигурни дека ние можеме многу побргу. Значи, сакам извесност. Не велам дека ќе влеземе, но сакам да се знае дека врз основа на хармонизираноста - не само правна, туку и политичка, економска, реформска и така натаму - дека сте тука и дека во секој момент можете да влезете. Сама ниедна власт тоа нема да може да го направи, истакна претседателката Гордана Сиљановска - Давкова.
MИА
Ново на Сител
-

Тешка сообраќајка во Словенија, тројца Македонци загинаа
-

Редовна дератизација, дезинфекција и дезинсекција во сите училишта во Карпош
-

Бројот на жртви во земјотресот во Индонезија се искачи на 111, над 176.000 лица се раселени
-

Бела куќа: САД и Иран во моментот не преговараат за прекин на војната
-

Џордан Питерсон: Интелигенција е „како размислуваш“, а не „што мислиш“
-

Мицкоски: Остануваме на стратегијата за дата центри, светот ова ќе го развива, прашање е ние дали ќе го препознаеме моментот
-

Казни до 10.000 евра за трговците кои не се придржуваат на одлуката за намалување на цените на училишниот прибор
-

Почина Ратко Младиќ
