Сиљановска-Давкова на Балканскиот форум за интеграција 2025 во Црна Гора

Претседателката Гордана Сиљановска-Давкова е во работна посета на Црна Гора по повод учеството на Балканскиот форум за интеграција 2025 што се одржува во Подгорица, во организација на Европското движење во Црна Гора и Министерството за надворешни работи и меѓународна соработка на Италија.
Сиљановска-Давкова ќе се обрати на сесијата „Претседателите за ЕУ интеграциите – Имаме ли план?“ и ќе оствари билатерална средба со претседателот на Црна Гора Јаков Милатовиќ.
- Во фокусот на Балканскиот форум за интеграција се геополитичките предизвици во светот, ЕУ и регионот на Западен Балкан, како и клучните области во евроинтегративниот процес: основните човекови слободи и права, владеењето на правото, доброто управување, безбедноста, борбата против корупцијата и организираниот криминал, информира Кабинетот на Сиљановска-Давкова.
Покрај државни функционери од регионот, на Форумот ќе учествуваат истакнати експерти за европски интеграции и претставници од бизнис-секторот.
МИА
Ново на Сител
-

Се затрупува крушевската депонија за да се спречи нејзино запалување и пожар на околната шума
-

Такси дејноста станува хоби, не професија
-

Двојно поголем интерес за субвенции за возачки во Радовиш од предвиденото
-

Охридската болница станува регионален центар
-

Германскиот јазик се поатрактивен кај учениците - Прилеп домаќин на Државната олимпијада за основци
-

Архијерејски помен за жртвите
-

Тема на денот со проф. д-р Калина Гривчева Старделова, претседателка на лекарската комора
-

Архијерејски помен за жртвите
