Сиљановска-Давкова и Мисајловски на видеоконференциска врска со мировниците и предновогодишна средба со нивните семејства

Во касарната „Страшо Пинџур“ во Петровец, денеска традиционално ќе се одржат две предновогодишни активности на Министерството за одбрана и Армијата: видеоконференциска врска со македонските мировници, во присуство на членовите на нивните семејства и поделба на новогодишни пакетчиња на децата на припадниците на Армијата испратени во мировни мисии.
Со претседателката и врховен командант на Армијата, Гордана Сиљановска- Давкова, министерот за одбрана, Владо Мисајловски и началникот на Генералштабот на Армијата, генерал-мајор Сашко Лафчиски на видеоконференциска врска ќе се приклучат припадниците на македонската Армија кои извршуваат задачи во мисиите и операциите во Косово, Босна и Херцеговина, Либан, Латвија, Романија, Бугарија и Германија, по што ќе следи поделба на новогодишни пакетчиња на децата на мировниците.
Согласно програмата предвидено е обраќање кон мировниците, од страна на претседателката Сиљановска-Давкова, министерот Мисајловски и началникот на Генералштабот на Армијата, генерал-мајор Сашко Лафчиски, најави Министерството за одбрана.
МИА
Ново на Сител
-

Интер ја победи Аталанта и се искачи на првото место во Серија А
-

Кина почна нови воени вежби околу Тајван
-

Германскиот министер за животна средина за забрана на електронските цигари
-

Герасимовски: „Вечер под ѕвездите“, предновогодишна забава во Центар со Либеро Бенд, Brass Brothers и Дедо Мраз
-

Студено утро, сончев ден – температури до 12 степени
-

Курти убедливо победи на вонредните избори во Косово
-

Без пробив за мир во Украина по средбата на Трамп со Зеленски во Флорида
-

Нова слаломска победа за Шифрин
