Сиљановска-Давкова и Бројер: Македонија е кредибилен сојузник во НАТО, има простор за продлабочување на билатералната соработка

Претседателката Гордана Сиљановска-Давкова денеска го прими началникот на вооружените сили на Сојузна Република Германија, генерал Карстен Бројер, при што беше оценето дека македонско-германската соработка во рамки на НАТО придонесува за зајакнување на регионалната стабилност и безбедност.
Како што соопшти Кабинетот на претседателката, Сиљановска-Давкова истакнала дека посетата на генералот Бројер претставува уште една потврда за посветеноста на Алијансата кон стабилноста во регионот и нагласила дека сојузништвото со Германија овозможува изградба на отпорен и интероперабилен одбранбен систем.
Германскиот генерал посочил дека неговата дводневна посета е можност, покрај разговорите со припадниците на Армијата, да оствари средби и со државниот врв, со цел јакнење на единството во НАТО и натамошно унапредување на односите меѓу двете земји.
Бројер ја оценил македонската Армија како кредибилен сојузник, истакнувајќи дека македонските војници рамноправно со своите колеги од земјите членки на НАТО учествуваат во заеднички мисии и активности.
На средбата било констатирано дека, покрај одбранбената соработка, двете држави имаат значителен потенцијал за продлабочување на економските, образовните и културните врски.
Сиљановска-Давкова укажала и на улогата на македонската дијаспора во Германија како важен фактор во унапредувањето на билатералните односи, притоа поздравувајќи ја континуираната германска поддршка за македонските реформски процеси и инфраструктурниот развој на државата
МИА
Ново на Сител
-

Водата во Гостивар од денеска е безбедна за пиење
-

Тема на денот со Билјана Муратовска, генерален секретар на Макам-транс
-

Преглед на вестите од светот
-

Водата во Гостивар од денеска е безбедна за пиење
-

Втор смртен случај од западнонилска треска во Македонија - расте бројот на новозаболени, повеќето се од Драчево
-

Македонија вчера го имаше најтешкиот ден годинава во борбата со пожарите
-

Голем пожар во туристички места во регионот
-

Македонците кои летуваа во Сивири чекаат безбедно да се вратат дома
