Македонија
24. April 2026 - 16:36

Сиљановска Давкова бара конструктивност од Радев, Мицкоски потврди - Бугарија уште 2 пати не блокираше

Претседателката на државата Гордана Сиљановска Давкова очекува пријателски и конструктивен однос со Бугарија по победата на Румен Радев. Разговарале телефонски и му порачала дека очекува разбирање за потребата од проширување, а формирањето на стабилна влада во Софија е клучно и за воспоставување дијалог меѓу двете страни.

Македонската влада е подготвена за дијалог со Софија за да се најде одржливо решение кое на долг рок ќе значи интеграција на Македонија во ЕУ, смета премиерот Мицкоски. Во Тема на ден на Сител информираше дека Бугарија уште двапати ја блокирала Македонија, еднаш со изготвениот Акциски план за малцинствата, а потоа и со апликацијата за асоцијативно членство во иницијативата Трите мориња. 

Опозицијата пак ја обвини Владата дека води антиевропски политики, шири навреди кон земји членки на ЕУ и преку лажна кампања претставува дека Македонија прави напредок. Филипче вели вината не треба да се гледа во Бугарија туку во актуелната влада која не работи на реформи.