Силен земјотрес во Таџикистан, петмина загинати
Земјотрес со интензитет од 5,9 степени според Рихтерова скала го погоди изутринава источниот дел на Таџикистан, при што загинаа најмалку пет лица, соопштија властите.
Епицентарот на потресот се наоѓал на длабочина од 40 километри, околу 165 километри североисточно од главниот град Душанбе, каде живеат речиси 679.000 жители, потврди Европскиот медитерански сеизмолошки центар.
– Десетици куќи се уништени. Електричните проводници исто така биле делумно оштетени во три села во областа Таџикабад, каде што живееле сите жртви, соопшти Комитетот за вонредни ситуации на Таџикистан.
Таџикистанскиот претседател Емомали Рахмон наложи формирање истражна комисија предводена од премиерот, пренесоа руските медиуми.
Туркменистан, кој се граничи со Авганистан, честопати е погоден од земјотреси.
Ново на Сител
-
Речиси 64 илјади му требаат на четиричлено семејство за да ги покрие основните потреби, пресмета ССМ
-
Договорот за стратешко партнерство со Британија ќе биде потпишан во четврток во Лондон
-
Матурант од Струмица пронајден мртов
-
На лузните од изгореници им треба време да заздрават
-
Извештај за родова самопроценка во одбраната: Родовите стереотипи постојат, но има видлив напредок
-
Преглед на вестите од светот
-
Собранието ги констатираше оставките на Таравари, Беџети и Исмаили
-
Прва седница на Уставен без Дуковска, засега не се знае кој ќе ги превземе нејзините предмети